📸 ОВАА РЕЧЕНИЦА НАЈМНОГУ ГИ НЕРВИРА МАКЕДОНЦИТЕ НА ИКС Илон Маск смета дека истражувањето не е далеку од вистината

Интересно е што на картата на Македонија ставено е бугарско знаме како нешто кое предизвикува нервоза, додека кај нашиот јужен сосед забодено е старото македонско знаме од Кутлеш. Нашите јужни соседи наводно излегуваат од кожа ако им речете дека имаат неуспешна економија.

604

Реченицата „измислени сте во 91 година“ наоводно најмногу ги нервира Македонците на Икс, или поранешен Твитер, според мапа која ја објави Епик Мапс. Во објавата која веќе ја видоа повеќе од 375.000 луѓе, коментар остави и самиот газда Икс, Илон Маск. Според него мапата не е далеку од вистината.

Интересно е што на картата на Македонија ставено е бугарско знаме како нешто кое предизвикува нервоза, додека кај нашиот јужен сосед забодено е старото македонско знаме од Кутлеш. Нашите јужни соседи наводно излегуваат од кожа ако им речете дека имаат неуспешна економија.






Нашите источни соседи не сакаат ако тврдите дека се „најсиромашната земја во ЕУ“.

Русите се лутат ако ги прашате „како е животот под диктатурата на Путин“.

Мапата сугериара дека Србите најмногу збеснуваат ако им речете дека „Тесла бил Хрват или Американец“, Босанците ако ги наречете „Турски Срби“, а Хрватите ако ги наречете „католички Срби“.

Од непознати причини Црногорците не се прикажани на картата.

Но, колку е тешко да ги разлутите Балканците?

 

Поврзани содржини