ТОЈ Е ПРОФЕСОР ВО ПЕНЗИЈА, МУЗИЧАР И СЛИКАР, А ТАА НЕГОВА НАЈВЕРНА ОБОЖАВАТЕЛКА Дрвошанови живеат во Моноспитово, во куќа полна со слики
Душко и Милева Дрвошанови се од оние луѓе на кои никогаш не им е преку глава од гости, ниту пак им е преку глава еден од друг, иако се заедно со децении… Тој е професор во пензија, по малку и филозоф и поет и музичар, но најмногу од сѐ, сликар. Има 68 години, а почнал да слика на 36.
Брачната двојка Душко и Милева Дрвошанови се заедно со децении, имаат возрасни ќерка и син, а имаат и внуче. Си собираат печурки, си прават зимници, се сакаат и почитуваат како првиот ден. Тој е професор во пензија, по малку и филозоф и поет и музичар, но најмногу од сѐ, сликар. Има 68 години, а почнал да слика на 36.
Целиот животен век го поминал како професор по стручните предмети мебел и ентериер во струмичкото средно техничко училиште „Никола Карев“, но постојано сликал и голем дел од нивните семејни приходи вложувал во сликарски материјали.
Неговата драга Милева е неговиот столб и поддршка, неговата муза и партнерка. За неа, пак, тој е најдобриот сликар на целиот свет. Со восхит го слуша кога ќе ја земе гитарата и никогаш не ѝ е доволно од неговите слики за кои, едноставно, во нивната куќа повеќе нема доволно ѕидови. Целиот свој живот, вели нашиот соговорник Душко, го поминал во родното Моноспитово, освен оној период додека учел средно и додека студирал на факултетот за дрвна индустрија во Скопје.
Во него живеат многу личности, па така, тука е и оној професорот во пензија и музичарот и поетот и филозофот, но најмногу од сите и од секогаш, доминирал токму оној сликар на природата која е неговата најголема инспирација.
Целиот текст прочитајте го на „Мајка и дете“.