📽 ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ГРАЃАНИТЕ „ГИНАТ“ ЗА ДА ИЗВАДАТ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Срамни турканици, тепачки и чекање со часови на шалтерите на МВР
„Редици, гужви, тепачки: Еве ја мојата голгота за вадење лични документи во Македонија! Тотално неорганизирани, дури и по 6 часа чекање немаше абер за да извадам документи. Страшно!“ - пишува нашиот сограѓанин под објавата на видеото во кое го овековечи овој македонски срам.
Секторот за управни работи на МВР во зградата на Македонската телевизија се претвори во вистинско мачилиште за сите граѓани што се обидуваат да извадат лични документи, со новото име на државата.
Тик-токер со профил Боемот.мк ги документираше овие срамни сцени и ги објави на оваа социјална мрежа.
„Редици, гужви, тепачки: Еве ја мојата голгота за вадење лични документи во Македонија! Тотално неорганизирани, дури и по 6 часа чекање немаше абер за да извадам документи. Страшно!“ – пишува нашиот сограѓанин под објавата.
Оние што овде ќе дочекаат да влезат и да се фотографираат, за 15 до 20 работни дена повторно ќе треба да чекаат со часови за да ги подигнат изготвените лични документи. Тука се потребни неколку часа за да се стигне до шалтерот од каде што треба да се подигнат личните документи – пасоши, лични карти или возачки дозволи, сè на едно место.
Илјадници македонски граѓани се мачат да извадат нови лични документи. Редици граѓани и денеска, како и минатите денови, со часови чекаа пред пунктот на МВР кај Полициската станица Пролет, каде можат да се извадат лични документи без закажување.
Во објектот, каде што има десетина паравани за фотографирањето, функционираат само три, поради што редицата споро се движи. За маката да биде поголема, системот често паѓа, па така денеска пунктот затвори во 12, наместо во 19 часот.
Согласно измените на Уставот по Преспанскиот договор, граѓаните имаат обврска личните документи да ги заменат до 12 февруари. Граѓаните стравуваат дека ако не го испочитуваат овој рок, не само што нема да можат да патуваат, туку ќе им биде оневозможено да си ги подигнат платите и пензиите од банка.
@boemot.mk Редици, гужви, тепачки: Еве ја мојата голгота за вадење лични документи во Македонија! Тотално неорганизирани, дури и по 6 часа чекање немаше абер за да извадам документи. Страшно! #boemot #macedonia #македонија #пасош #документи #сдсм #дуи #вмро #систем #личнакарта #fyp #viral ♬ original sound – boemot.mk