АКО ПОЛИЦАЕЦОТ ШТО ГО УПАСИЛ НЕ СЕ „УДРИ ВО ПАЈАКОТ“ Дрин Ахмети треба да одговара за кривично дело, вели Милошовски
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во објавата на Фејсбук по приведувањето на внукот на Али Ахмети, посочи дека според Кривичниот законик, Дрин Ахмети треба да одговара за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распскувачки материи“.
„Доколку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не нареди полицаецот што го упасил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се „удри во пајакот“, тогаш тој треба да одговара според Кривичниот законик“, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во објавата на Фејсбук по приведувањето на внукот на Али Ахмети вечерва во центарот на Скопје.
Според членот од Кривичниот законик што го посочува Милошоски, сопстевникот на Соравија треба да одговара за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распскувачки материи“.
Со оглед на тоа што Ахмети е од „европската коалиција”, дали и пиротехничките средства, кои ги шверцувал внук му Дрин се европски? – прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по приведувањето на Дрин Ахмети.
„Со оглед на фактот дека Али Ахмети е од „европската коалиција”, а вечерва дознаваме дека милионерот Дрин Ахмети, освен што ја купил Соравија, шверцувал и петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства“ – се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.