🎥 ДВОЈНО УБИСТВО ВО ЖИВО, ВОЈНАТА КАКО ВИДЕО ИГРА! Израелската војска објави снимка како ги „чистат“ членовите на Хамас во Газа
Израелскиот војник бил во мисија да ја „исчисти“ населбата Шеџаја во Газа од Хамас, кога на првиот кат од една зграда влетал во заседа, но успеал да се извлече и да ги убие палестинските милитанти, а камерата што ја носел на неговиот заштитен шлем го снимила моментот на блиската средба и убиствата.
Израелската армија објави видео на кое се гледа моментот кога еден нејзин член се среќава со двајца членови на Хамас во зградата во Газа и како ги убива. Израелскиот војник бил во мисија да ја „исчисти“ населбата Шеџаја во Газа од Хамас, кога на првиот кат од една зграда влетал во заседа. Тој во таа прилика на заштитниот шлем носел камера и го снимил моментот на блиската, но и застрашувачка средба со Хамас.
Зад ѕидот го чекале двајца Палестинци кои фрлале граната во правец на Израелецот. Иако бил ранет, тој успеал да се собере и да повика помош. Потоа продолжил да пука кон членовите на Хамас, убивајќи ги двајцата на лице место.
נפצע מרימון, חתר למגע וחיסל שני מחבלים: תיעוד היתקלות פנים אל פנים ממצלמת הקסדה של לוחם יהל״ם>>https://t.co/FRhL7eqWYx pic.twitter.com/8qDv9mQo0W
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) December 12, 2023
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека две бази на Хамас во населбите Јебали и Шеџаја се „исчистени“ и дека Израелците ги ставиле под нивна контрола.
– Многу сме блиску до освојување на целиот северен појас Газа. Неколку стотици борци на Хамас се предадоа во претходните денови, гледајќи дека се во безизлезна ситуација – рече Галант.
И покрај големите загуби во последните денови, Хамас успеа да ликвидира седум израелски војници и нивниот командант во борбите во Газа.