ПОРАДИ ОВА ДВАПАТИ УСПЕАЈА ДА ГО ПОГОДАТ КРИМСКИОТ МОСТ? Украинците ѝ благодарат на една Русинка која уживала на јахта

Еден од изворите на таквите информации беше видеото од Русинка како се релаксира на јахта во близина на Кримскиот мост - таа ги снимила внатрешните структури на мостот. Оваа информација ни даде идеја за точката на која требаше да се нападне мостот за да се нанесе максимална штета, вели еден украински офицер.

852

Снимка на Русинка која од својата јахта го снимила мостот на Крим додека била на одмор е неочекуваната причина зошто тој досега двапати беше погоден во војната, пренесува Њузвик. Сега Украинците ѝ се заблагодаруваат на неименувата Русинка што со нејзините информации направија стратешки потег во војната, откри весникот „Украинска правда“.

Лани во октомври мостот речиси се сруши од украински проектил, а експлозија имаше и во јули годинава. Но оваа навидум обична снимка од мобилен телефон за службите значела многу. Според Службата за безбедност на Украина преку овие напади Киев ја отсекол руската морнарица од своите операции во Црното Море, па Русите морале да ги заменат големите бродови со фериботи за да го транспортираат оружјето за војната.






– За време на нашите подготовки за операцијата, повеќето информации што ги добивме доаѓаа од отворени извори. Еден од изворите на таквите информации беше видеото од Русинка како се релаксира на јахта во близина на Кримскиот мост – таа ги снимила внатрешните структури на мостот. Оваа информација ни даде идеја за точката на која требаше да се нападне мостот за да се нанесе максимална штета – вели еден украински офицер.

 

Друг контраразузнавач изјавил дека „секој Русин со паметен телефон е најдобар пријател и клиент“ на украинската тајна служба.

– Можеме да набљудуваме многу локации во самата Русија и на окупираните територии. Се надеваме дека ќе продолжат да снимаат, фотографираат и споделуваат – рече тој.

Москва го обвини Киев за двата напади. За нападот на мостот беа снимени документарни филмови. Во нив се прикажува дека украинскиот напад со далечинско бил контролиран од соба во Киев.

Мостот долг 18 километри, кој се издига над Керченскиот теснец, е најдолгиот во Европа и има воена, логистичка и психолошка вредност за Русија. Патничкиот мост со четири ленти беше отворен со голема помпа во Москва во 2018 година, четири години откако Русија го анектираше полуостровот Крим, а железничката врска беше завршена во 2019 година.

Поврзани содржини