ИЛИ ЕДНО, ИЛИ НИЕДНО Повеќето семејства во ЕУ се без деца, а од тие што имаат, најбројни се оние со едно дете

Нешто помалку од една четвртина од речиси 198,5-те милиони домаќинства во ЕУ или 24,3 отсто во 2022 година вклучувале и деца, при што најбројни се семејствата со по едно дете, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември.

167

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, соопштени по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, 12,1 отсто од домаќинствата во ЕУ биле со по едно дете, 9,3 проценти со по две деца и три отсто со три или повеќе деца.

Во однос на вкупниот број на домаќинства во ЕУ, тој лани се зголемил за 6,9 отсто во споредба со 2012 година, додека во истиот период процентот на семејствата со деца се намалил за 2,4 процентни поени.






Имено, нешто помалку од една четвртина од речиси 198,5-те милиони домаќинства во ЕУ или 24,3 отсто во 2022 година вклучувале и деца, при што најбројни се семејствата со по едно дете.

Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини