БУЧЕН СЕКС НА РИБИТЕ ГИ ИЗЛУДЕ ЖИТЕЛИТЕ НА ГРАД ВО ИРСКА Луѓето на можат да заспијат поради мистериозното зуење
Шкотското здружение за поморски науки тврди дека рибите би можеле да бидат одговорни за бизарниот звук на зуењето што ги мачи жителите на градот Омаг во Северна Ирска, бидејќи мажјаците на рибата сабјарка испуштаат карактеристични звуци како зуење за да им дадат до знаење на женките дека бараат партнер.
Мистериозно зуење што се слуша ноќе во градот Омаг во Северна Ирска ги излуде жителите и го натера градскиот совет да го истражи неговиот извор. Жителите на Омаг се пожалија дека не можат да спијат поради „постојаното зуење“, а извештаите за звукот првпат се појавија кон крајот на октомври, пишува The Telegraph. Општинскиот советник Стивен Донели вели дека мистериозното зуење, опишано како различно од сообраќајната бучава, се покажало како сериозен проблем за жителите.
Советот на округот Ферманаг и Омаг бара да се ангажира стручњак за разоткривање звуци, откако првичните обиди да се влезе во трага на чудниот звук останале неуспешни.
-Можеби се работи за нешто сезонско или поврзано со временските услови, но овие работи честопати не излегуваат едноставни и може да бидат од многу извори. Она што треба да направиме е да ги утврдиме фактите и потоа да преземеме акција за да го решиме тоа – изјави Донели.
Портпаролката на Советот рече дека истрагата досега не дала резултати и полицајците ги разгледуваат следните чекори за да го идентификуваат звукот.
– Поради големата површина на која е пријавен звукот, тешко е да се одреди точниот извор. Службениците во моментов размислуваат за користење специјализирана опрема или ангажирање на специјализирана компанија за да помогне во откривањето на изворот на оваа непријатна бучава“.
Мистериозните звуци мачат и други градови и села низ Велика Британија. Во декември, жителите на Холмфилд, Западен Јоркшир, ја опишаа вревата доцна во ноќта како „бесконечен циклус на тортура“. Ова брмчење се споредува со звукот на машината за перење или на дизел моторот во празен од.
Во 2013 година, научниците шпекулираа дека мистериозната бучава што некои жители на Хемпшир ги држела будни ноќе, била резултат на сексот на рибите во блискиот естуар (утока на река во вид на залив, каде што под влијание на морските бранови, на приливите и на одливите, речното корито е проширено).
Жителите на местото Хајти, во близина на Саутемптон, наводно биле принудени да се иселат од областа откако ноќе низ нивните домови одекнувале „пулсирачки“ звуци.
Националниот океанографски центар во Саутемптон не успеа да ја расветли мистеријата. Сепак, шкотското здружение за поморски науки тврди дека рибите би можеле да бидат одговорни за бизарниот звук на зуењето.
-Тоа е една можност. Сигурно има „звучни риби“ во Северниот Атлантик и приодите кон Ла Манш – појасни д-р. Бен Вилсон.
Мажјаците на рибата сабјарка испуштаат карактеристични звуци како зуење за да им дадат до знаење на женките дека бараат партнер.