(ФОТО+ВИДЕО) КЕЈТ МИДЛТОН ВО ВОЕНА УНИФОРМА Камуфлираната принцеза фотографирана во тенк

Кејт Мидлтон првпат се појави како главен полковник на Првата змејска гарда на кралицата (Queen’s Dragoon Guards).

996

Кејт Мидлтон првпат се појави како главен полковник на Првата змејска гарда на кралицата (Queen’s Dragoon Guards), која во текот на летото и ја додели кралот Чарлс Трети, а фотографиите од нејзината посета го обиколија светот.

Кејт го помина денот во Дерехам со припадниците на Првата змејска гарда на кралицата, а принцезата целосно влезе во улогата и во текот на посетата облече маскирно палто и кацига и храбро почна да вози тенк.






Тука беше и неизбежниот детаљ на црвениот афион, кој се носи во Британија во ноември од 1921 година како симбол на сеќавање на жртвите од Првата светска војна.

Инаку, возењето тенк е специјалност на таа единица, чија главна задача е да ја извидува територијата. Оваа единица во минатото се движеше низ целиот свет, а последен пат беше распоредена во Мали во рамките на мировната операција.

Покрај возењето со тенкот, Кејт се запознала и со членовите на ти научила за нивната употреба на извиднички дронови.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини