ПАТУВАЊЕ НИЗ ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО Единствениот музеј во светот кој ве води на пат – од стапалата до мозочните неврони
Холандскиот музеј Корпус е создаден за да им покаже на луѓето како функционира човечкото тело и како се одвиваат одредени процеси во него, а посетителите имаат можност да ги слушнат органите и да видат што се случува во телото при одредени реакции како што е на пример, кивањето.
Како реагира вашето тело на трнче? Што се случува во вашето уво кога слушате музика? Каде е командниот центар на вашето тело?
Направете спектакуларно „патување низ човечкото тело“ и видете, почувствувајте и слушнете како функционира.
Станува збор за музејот Корпус, 35-метарската проѕирна зграда во форма на човечко тело сместена покрај автопатот А44 помеѓу Амстердам и Хаг.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.