„ГО ЧЕКАМЕ ПЕТОК“ Светот трепери пред најавениот говор на лидерот на Хезболах
Тензиите на израелско-либанската граница се зголемуваат пред говорот на шефот на Хезболах. Се смета дека Насрала ќе обзнани како Хезболах ќе дејствува во иднина.
Tензиите продолжуваат да растат на северната граница на Израел со Либан пред најавеното обраќање на лидерот на Хезболах Хасан Насрала, што ќе бидат негови први јавни коментари по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Говорот именуван „Го чекаме петок“ е најавен за два часот. Се смета дека Насрала ќе обзнани како Хезболах ќе дејствува во иднина.
Дописникот на Франс24 од Бејрут вели дека молкот на лидерот на Хезболах, терористичка организација забранета во Велика Британија, САД и други земји до сега бил „многу мистериозен“ и дека многумина во Либан стравуваат дека конфликтот меѓу Израел и Хамас може да ескалира во регионална војна.
Preparations are underway for Hassan Nasrallah’s first speech since October 7.
The leader of Hezbollah will be speaking tomorrow at 3 PM Beirut time/9 AM Eastern.
For security reasons, Nasrallah has been giving his speeches via satellite for years.
And of course the man… pic.twitter.com/veuJxo51xL
— Yashar Ali 🐘 (@yashar) November 2, 2023
– Израелските одбранбени сили (ИДФ) се во „многу висока готовност“ долж северната граница на Израел – изјави денеска портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.
– Вчера извршивме широк напад и погодивме голем број терористички ќелии на Хезболах како одговор на огромниот оган од Хезболах… во кој беа ранети цивили – рече Хагари.
Според него, ИДФ ќе продолжи силно да одговара на секој напад врз израелски цивили.
Обраќањето на Насрала се очекува по завршувањето на петочната молитва.