ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,2 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ ГРЧКИОТ ОСТРОВ ЕВИЈА Бил почувствуван и во Атина

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

113

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер бил регистриран на грчкиот остров Евија околу 8.30 часот утрово по локално време, покажуваат податоците од Геодинамичкиот центар на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил во централниот дел на Евија, а беше почувствуван и во Атина.






Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Поврзани содржини