📽 ПАЛЕСТИНЦИТЕ ВРЕСКААТ ОД БОЛКА Израелски војници се снимале како малтретираат граѓани на Западниот Брег
На видеото се гледа како Палестинците се соблечени голи или полуголи, со врзани очи и со лисици, како врескаат од болка. Еден од нив е влечен по земја. На скриншот од видеото се гледа како војник ја става својата чизма на главата на еден од Палестинците, додека друг вперува оружје кон него.
Десетици слики и видеа се појавија во текот на изминатата недела на кои се прикажани војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) како ги малтретираат и понижуваат Палестинците уапсени на Западниот Брег, често со врзани очи и со лисици.
Во едно од најбруталните видеа, кое е замаглено, војниците на ИДФ се снимиле себеси како злоставуваат седум работници од Западниот Брег кои биле фатени во обид да влезат во Израел без дозвола, во областа Јужен Хеброн Хилс, пишува „Тајмс Оф Израел“.
🚨🚨🚨THESE ARE WAR CRIMES. This isn’t even in Gaza. Here, in the West Bank, the Israeli Occupation Force has kidnapped Palestinian fathers and sons from their homes and they are now torturing, humiliating, and killing them. AND POSTING IT ONLINE.#StopGenocideInGaza #Gaza pic.twitter.com/FwSi92bSEO
— Saharoon (@Saharoon5) October 31, 2023
הדבר היחיד שאתה משפיל זה את מדי צה״ל pic.twitter.com/WvVWtF1J1V
— Nefolet (@Nefolet) October 31, 2023
На видеото се гледа како Палестинците се соблечени голи или полуголи, со врзани очи и со лисици, како врескаат од болка. Еден од нив е влечен по земја. На скриншот од видеото се гледа како војник ја става својата чизма на главата на еден од Палестинците, додека друг вперува оружје кон него.
Во друга сцена на насилство снимена со камера, војник клоца во стомакот на Палестинец со врзани очи, а потоа го плука и го навредува на арапски.
Во еден пример, религиозен еврејски резервист прегрнува Палестинец со врзани очи и лисици и танцува со него додека пушта религиозна музика на неговиот телефон. Го прашал зошто не танцува додека мажот со врзани очи изгубил рамнотежа.
— Medya Video (@MedyaVideos) October 31, 2023
Друг краток клип покажува палестински затвореник со врзани очи принуден да седи на земја со нозете покриени со израелско знаме.
Како одговор на овие докази, ИДФ објави дека „однесувањето на војниците што произлегува од овие сцени е сериозно и не е во согласност со вредностите на ИДФ. Инцидентите се под истрага. Командантите на ИДФ ќе разговараат со сите војници на фронтот. Еден војник е отпуштен од резервниот тим“.