И ШТЕКЛИ И ПОЛИЦИЈАТА МОЖЕЛЕ ДА ЗНААТ ДЕКА ОВА ЌЕ СЕ СЛУЧИ Страшно е што криминалните банди се пресметуваат среде бел ден на јавно место

Раде Трајковски-Штекли, кој вчера беше тешко ранет во „Ист Гејт Мол“, наводно бил предупреден дека ќе се најде на „патеката од куршуми“. Пред неколку дена на социјалната мрежа ТикТок била објавена фотографија од Трајковски со морничава порака и директна закана кон него.

10,003

Сите оперативни сознанија наведуваат дека вчерашниот напад во Ист Гејт Мол е нарачано убиство од организираните криминални групи, а она шпто загрижува е тоа што бандите веќе не бираат ни време ниту место за своите пресметки, вели поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи и помошник-директор на Криминалистичка полиција, Љубомир Ѓурчески за Локално.мк.

Повикувајќи се на болнички и полициски извори, повеќе медиуми објавија дека цел на нападот бил 37-годишниот Раде Трајковски-Штекли и неговиот придружник Д.Т. со прекар Колумбо, роден 2002 година, кој се смета за „десна рака“ на Штекли. Колумбо е во критична состојба и се бори за живот на Карил, а над Штекли е исто така извршена операција и се наоѓа во критична состојба.






Според Ѓурчески, можело да се претпостави дека до ова ќе дојде.

– Првиот неуспешен обид за убиство пред два месеци не значеше дека неговата ликвидација прекина. Постојано се пишуваше дека тоа ќе продолжи и беше најавувана. Тоа беше знак дека МВР мора да преземе поголеми оперативни мерки за неговото движење – каде се движи, каде претстојува заради тоа што организираните криминални групи не ги менуваат своите места своите места на седење затоа што таму се сигурни – вели Ѓурчески.

Оттука, додава поранешниот началник, Трајковски честопати го користел просторот на Ист Гејт Мол, каде смета дека можеби имал и клиентела. Тој е загрижен поради тоа што пукотниците се случија на јавно место, каде што има голем број посетители.

– Тоа ме загрижува што не се бира место и време за пресметка на криминалните групи. Собраа храброст, но не дај боже да дојде до случајни жртви. Загрижен сум од тоа што се случува на безбедносен план. МВР мора повеќе да ги покрива јавните места како моловите со повеќе полициски службеници, со цел да не дојде до жртви – апелира Ѓурчески.

Раде Трајковски-Штекли, кој вчера беше ранет во „Ист Гејт Мол“, наводно бил предупреден дека ќе се најде на патеката од куршуми. Пред неколку дена на социјалната мрежа ТикТок била објавена фотографија од Трајковски со морничава порака и директна закана кон него.

Штекли пред точно 2 месеца исто така беше цел на напад во истиот трговски центар и на истата локација, во гаражата на ниво „минус еден“.

Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Грција во 2011 година како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

МВР се уште не го утврдила идентитетот на напаѓачот. Беа објавени снимки од надзорните камери и и фотографија од човекот кој пукал врз Штекли и Колумбо, а полицијата побара помош од граѓаните доколку го препознаат да се јават со информации.

Врз основа на снимките, некои медиуми објавија шпекулации дека напаѓачот, кој не го крие ликот, сепак носел силиконска маска за лице, какви што се користат во филмската индустрија, и неговата идентификација врз основа на снимките нема да оди лесно.

Поврзани содржини