📽 КОНФЛИКТОТ СЕ ПРОШИРУВА И ВО СИРИЈА Израел ги нападна аеродромите во Дамаск и Алепо

Во нападот рано утринава, еден работник е убиен, а двата сириски аеродроми се затворени и летовите се пренасочуваат кон меѓународниот аеродром во Латакија.

1,118

Израелски ракетен напад рано утринава ги уништи меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо во Сирија, објавија локалните државни медиуми.

Еден цивилен работник е убиен во нападот , а аеродромите се затворени, се додава во известувањето. Редовните летови до и од аеродромите во Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија, соопшти Министерството за транспорт.






Израел неколкупати ги нападна аеродромите оваа година како дел од напорите да ги запре испораките од Иран до неговите посредници од Блискиот Исток. Тука спаѓа и либанската група Хезболах.

Поврзани содржини