ПО РЕЦИТАЛОТ СФАТИВ ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ! Казухиро Котецу облече народна носија по настапот во Битола
Тој објави фотографија во која носи македонска носија.
Казухиро Котецу, претседател на Токиската опера и познат оперски пејач изведе маестрален концерт во Битола пеејќи ги песните на Јонче Христовски, а на социјалните мрежи напиша дека ден по рециталот сфатил дека е Македонец. Тој објави фотографија во која носи македонска носија. Битолчани минатата недела уживаа во неговата изведба на „Ако умрам ил’ загинам” по која следеше и фрлање на палтото во стилот на Христовски. Освен македонските народни песни Котецу изведе и дела од Моцарт и од Верди.
Котецу стана познат уште пред некоја година кога на Јутјуб објавуваше свои пеења на македонски песни.
Еве како изгледаше дел од настапот во рамките на „Интерфест“, Меѓународниот фестивал на камерна музика во Битола.