ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО ШПАНИЈА Загинаа три деца и еден возрасен

87

Четири лица загинаа, меѓу кои три деца, во пожар што зафати зграда во северозападна Шпанија каде што луѓето се сквотирале, соопштија денеска локалните власти.

Сквотирањето е зафаќање простори без дозвола на сопственикот, кои обично се празни и запоставени долго време.






Службите за итни случаи првично соопштија дека сите четири жртви се на возраст од 9 до 14 години, но градоначалникот на Виго, Абел Кабаљеро подоцна рече дека една жртва е возрасно лице. Други девет лица се пренесени во болница, а тројца повредени, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба.

Поради трагедијата, градот Виго прогласи тридневна жалост за жртвите.

Поврзани содржини