(ФОТО+ВИДЕО) ГОРДО ГИ ПОКАЖА ГРАДИТЕ НА 61 ГОДИНА Сите очи вперени во Деми Мур на Модната недела во Милано

Познатата актерка Деми Мур се појави на Модната недела во Милано во друштво на моделот и актерка Амбер Валета.

694

Познатата актерка Деми Мур се појави на Модната недела во Милано во друштво на моделот и актерка Амбер Валета. Сите очи беа вперени во холивудската ѕвезда, која и денес важи за една од најубавите жени на светот, кога се појави во портокалов, тесен комплет.






Деми Мур не носеше градник под блузата и гордо ги покажа градите, а припиената облека ја откри нејзината совршена фигура на 61 година. Комплетот го надополни со црни сандали со ремен, темни очила за сонце и елегантна црна чанта, а фризурата не ја променила – долга и рамно исфенирана коса.

Слично беше облечена и Амбер Валета која ја придружуваше, но славната актерка и поранешна сопруга на Брус Вилис сепак беше ѕвезда на вечерта.

На модната ревија на „Фенди“, покрај Деми Мур, во првиот ред седеа модните икони Наоми Кемпбел, Кејт Мос, актерката Наоми Вотс, Кристина Ричи и други…

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини