ДОБРЕДОЈДОВТЕ ДОМА! Со кириличен натпис среде јужен Лондон, Спасиа Динковски отвори локал со македонски печат и шарм
Спасиа Динковски, алијас Мистик Бурек, девојката која со своите буреци и пити подигнати на едно повисоко ниво, го освои Лондон за време на пандемијата со Ковид-19, го оствари својот сон. Конечно, со свој локал во градот на Секс Пистолс и Биг Бен, ни помалку ни повеќе туку со кириличен натпис и македонско добредојде
Деновиве, во Лондон, поточно во Саут Ист Лондон, се случи одлична журка, отворање на локал кој на својот излог има кириличен натпис и македонско добредојде. Всушност, натписот гласи: Добро дојдовте ДОМА!
Но, сеедно, се чувствува патриотизмот на Спасиа Динковски алијас Мистик Бурек, девојката која со своите буреци и пити подигнати на едно повисоко ниво, го освои Лондон за време на пандемијата со Ковид-19 и конечно, после три години откако го започна својот бизнис разнесувајќи буреци и пити во своето розево куферче на тркалца низ Лондон, а потоа и готвејќи на поп-ап локации низ градот, го оствари својот сон.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.