ДАЛИ ЌЕ ПОСКАПАТ КРЕДИТИТЕ ВО ЕВРА? Европската централна банка зголеми 3 каматни стапки
Сега каматните стапки на девизните средства ќе изнесуваат 4%, на операциите за главно рефинансирање 4,5% и на маргиналните кредитни капацитети 4,75%, што се рекордни нови клучни каматни стапки.
Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки десетти пат по ред, за 25 базични поени или 0,25 отсто.
Сега каматните стапки на девизните средства ќе изнесуваат 4%, на операциите за главно рефинансирање 4,5 и на маргиналните кредитни капацитети 4,75%, што се рекордни нови клучни каматни стапки.
Одлуките на ЕЦБ за клучните каматни стапки се одразуваат и на трошоците за задолжување, бидејќи поради нивниот раст се зголемува и Еуриборот, што автоматски влијае на ратите на кредитите во евра со променлива каматна стапка.