📽 МИСТЕРИОЗНА СИНА СВЕТЛИНА НА НЕБОТО ВО МАРОКО Необичната појава му претходела на разорниот земјотрес

Вакви блесоци на небото биле видени и претходно и биле снимени од надзорните камери пред разорниот земјотрес што ја погоди Турција на почетокот на годинава, а во кој загинаа 45.000 луѓе.

393

Израелскиот весник Јерусалем пост објави снимка од мароканска надзорна камера на која се гледаат мистериозни блесоци на сина светлина на небото пред разорниот земјотрес што ја погоди земјата во петокот вечерта.

Според угледниот израелски весник, видеото е снимено во градот Маракеш околу три минути пред земјотресот во кој досега загинаа околу 2.500 луѓе.






Се наведува дека не е разјаснета причината за оваа појава, како и дали станува збор за некаква најава за непосредна опасност.

Јерусалим пост наведува дека вакви блесоци биле видени и претходно и биле снимени од надзорните камери пред разорниот земјотрес што ја погоди Турција на почетокот на годинава, а во кој загинаа 45.000 луѓе.

Според една хипотеза, тие се последица на тектонски притисок, сеизмичка активност во околината, па дури и вулкански ерупции. Сепак, точната причина за овие чудни појави сè уште не е утврдена.

Весникот наведува дека е интересно што светлата поврзани со земјотреси се споменувале и во далечното минато, а со развојот на модерната технологија се посветувало поголемо внимание на оваа појава.

Се наведува дека во поновата историја првиот ваков случај е забележан со камера за време на земјотресот во Јапонија во 1965 година, а потоа слични феномени се забележани во Кина во 2008 година, Италија во 2009 година и Мексико во 2017 година.

Поврзани содржини