🎥 ПРВ ЧЕЛИНЏЕР 2 УНИШТЕН ВО БИТКА Објавена снимка од уништувањето на британскиот тенк во Украина
Велика Британија ѝ даде 14 тенкови на Украина на почетокот на оваа година, но до сега не се знаеше дали тие се користени во борбите на првата линија.
На социјалните мрежи кружи видео кое наводно го прикажува уништувањето на британскиот тенк Челинџер 2 во Украина, што би било првпат еден од тие тенкови да биде уништен во борба.
Како што пишува Гардијан, видеото е направено од автомобил кој се обидува да избега од битката, а на видеото се гледа како Челинџер 2 обвиен во густ сив чад со своите препознатливи цевки. Од снимката не е јасно како дошло до уништувањето.
Иако аналитичарите потврдија дека се работи за британски тенк, не е јасно кога и каде точно е направена снимката, иако гласовите зборуваат (и пцујат) на украински.
Ниту еден Челинџер 2 не е изгубен во борба откако првпат беше распореден во 1994 година, иако еден од нив беше уништен во пријателски оган во Ирак во 2003 година, пишува Гардијан.
Велика Британија ѝ даде 14 тенкови на Украина на почетокот на оваа година, но до сега не се знаеше дали тие се користени во борбите на првата линија.