📷 ФАТОС НАНО ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА Рама го одликува поранешниот албански премиер со орден за заслуги
Поранешниот албански премиер се наоѓа на интензивна нега во болницата во Тирана во која бил хоспитализиран проблеми со дишењето. Познатое е дека тој боледува од дијабетес и цироза на црниот дроб.
Поранешниот албански премиер и лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, деновиве е хоспитализиран на приватна клиника во Тирана, во тешка здравствена состојба.
Во врска со здравствената состојба на Нано, се огласи и актуелниот албански премиер, Еди Рама, кој објави дека на поранешниот истакнат албански полититичар му доделува орден за јавно признание.
„Се молам за Фатос Нано. Во овие тешки часови на борбата за живот, историскиот лидер на Социјалистичката партија и човекот кој неправедното страдање од лишувањето од слобода го претвори во извор на либерален дух во лидерството, ги заслужува нашите молитви денес и нашата благодарност за сето добро што можеше да и го даде на земјата и општеството во тешките улоги што ги имаше во текот на неговата кариера со напорни подеми и падови“ – напиша Рама на Фејсбук.
Поранешниот албански премиер се наоѓа на интензивна нега во болницата во Тирана во која бил хоспитализиран проблеми со дишењето. Познатое е дека тој боледува од дијабетес и цироза на црниот дроб.
70-годишниот Фатос Нано во својата политичка кариера беше премиер на Албанија во три наврати во периодот од 1991 до 2005 година.
„Нано е посебна личност во политичката историја на Албанија“ – напиша познатиот албански адвокат и ексминистер за правда Спартак Нѓела, по објавувањето на вестта за здравствената состојба на екс-премиерот на Албанија.