ТЕЛОТО НА ПРИГОЖИН СЕ СОВПАЃА Руските власти велат дека по останките ги идентификувале сите десетмина од авионот

Во рамките на истрагата за авионската несреќа во регионот Твер, завршени се молекуларните генетски испитувања. Врз основа на нивните резултати, утврден е идентитетот на сите десет загинати, тие одговараат на списокот наведен во листот за летање, се вели во објавата.

1,187

Истражниот комитет на Руската Федерација на својот канал на Телеграм го потврди идентитетот на телото на загинатиот Евгениј Пригожин, но и останатите деветмина кои биле во авионот кој се сруши под неразјаснети околности во регионот Твер близу Москва. Руските медиуми ја пренесоа веста.

Претходно, она што беа останките од телото на лидерот на „Вагнер“, но и на останатите беше однесено во зградата на Судската медицина во Твер, а објектот беше обезбедуван со многу полицајци.






„Во рамките на истрагата за авионската несреќа во регионот Твер, завршени се молекуларните генетски испитувања. Врз основа на нивните резултати, утврден е идентитетот на сите десет загинати, тие одговараат на списокот наведен во листот за летање“, се вели во објавата.

Според Федералната агенција за воздушен транспорт, во авионот „Ембраер“ биле:

Пригожин Евгениј;
Пропустин Сергеј;
Макаријан Евгениј;
Тотмин Александар;
Чекалов Валериј;
Уткин Дмитриј;
Гробар Николај;
командант Левшин Алексеј;
копилот Каримов Рустам;
и стјуардесата Распопова Кристина

Во средата вечерта, деловен авион „Ембраер“ се урна во близина на селото Куженкино во регионот Твер. Во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот. Сите загинаа.

Урнатиот авион ѝ припаѓал на ДОО МНТ-Аеро, специјализирана за деловен транспорт.

Покрената е кривична пријава за прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и работење на воздушниот сообраќај.

Поврзани содржини