📸 ВАГНЕРОВЦИТЕ УШТЕ СИНОЌА ЗНАЕЛЕ ДЕКА ШЕФОТ ИМ Е МРТОВ? Седиштето во Санкт Петерсбург блесна во облик на крст
Каналот „Сива зона“ на Телеграм поврзан со Вагнер, потврди дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа.
Зградата на Вагнер во Санкт Петерсбург синоќа беше осветлена во облик на крст откако во авионската несреќа загинаа Евгениј Пригожин и Валери Чекалов. Додека руските власти уште не се огласиле во врска со случајот и многуте непознаници околу несреќата, каналот „Сива зона“ на Телеграм поврзан со Вагнер, синоќа потврди дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа.
– Главата на Вагнер, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на дејствијата на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија! – објавија тие.
Британски аналитичари вината за срушениот авион ја наоѓаат во местенка на руската служба ФСБ, на генералите Шојгу и Герасимов или пак лично на Владимир Путин. На Твитер се шири и фотографија на која наводно има противавионска муниција на парче од срушениот авион, што фрла сомнеж за тоа дали во авионот било пукано.
⚡️#BREAKING Windows in the shape of a cross are now lit at the Wagner Center in St. Petersburg pic.twitter.com/VYD2y5ODnB
— War Monitor (@WarMonitors) August 23, 2023