🎥 МИСТИЧНА ПЛАЖА НА ЈАДРАНОТ НА КОЈА НА МАЖИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ „Женската плажа“ во Улцињ има лековити својства и своја легенда
Од мај до октомври на мажите им е забранет влезот, а жените од целиот свет доаѓаат на Женската плажа во Улцињ поради нејзиното чудотворно дејство за лекување на стерилитет и гинеколошки, како и кожни болести и респираторни проблеми. Тајната е токму во изворите на лековитата сулфурна вода која се меша со морето.
Женската плажа е мала плажа во заливот помеѓу Малата и Големата плажа во Улцињ, опкружена со борова шума и со извори на минерална сулфурна вода во морето. Си-Ен-Ен ја вброи меѓу најубавите нудистички плажи во светот, а интересно е што е резервирана само за жени. Од мај до октомври на мажите им е забранет влезот, а жените од целиот свет доаѓаат поради нејзиното чудотворно дејство.
Имено, капењето на Женска плажа се препорачува како дел од терапијата за лекување на стерилитет и гинеколошки, како и кожни болести и респираторни проблеми. Тајната е токму во изворите на лековитата сулфурна вода која се меша со морето.
Лековитите својства на водата во оваа област се откриени во 20 век – богатството на водород сулфид, кој ја заситува водата со сулфурно соединение заедно со јодот, позитивно влијае на женскиот репродуктивен систем. А, во судирот на зеленикаво сулфурната вода и на сините морски бранови, се создаваат идеални микро и макро молекули погодни за природна аеросолна терапија.
Водата е погуста на оваа плажа, а се чувствува и при капењето во неа. Покрај водата, лековит е и воздухот зачинет со мирис на борови, како и минералната кал, која е одлична за пилинг на кожата.
За оваа прекрасна плажа се раскажува една интересна легенда. Приказната за Унуч Алија и неговата сопруга се пренесува како една од омилените легенди на стрите жители на Улцињ.
Унуч Али бил моќен пират од Улцињ. Бил оженет со една султанска ќерка, жена која многу ја сакал, но која никако не можела да забремени. Според старите обичаи, Унуч Алија требало да ја остави сопругата и да најде друга, која ќе му даде потомство. Сепак, тој не можеле да замисли да живее без својата сакана жена или таа да биде со друг маж. Во очај решил да ја убие. За својот план тој само ѝ кажал само на мајка си, решен да го направи тоа кога ќе се врати од претстојното патување.
Свекрвата многу ја сакала снаата и таа со денови тагувала, а потоа на сон и се јавил ангел кој и рекол да ја одведе снаата да се капе во местото каде што се сулфурната вода извира во морето. И, така направиле. Три пати на ден, 21 ден, жената на Унуч Алија се капела во сулфурна вода како што рекол ангелот во сонот. Многу брзо потоа таа и Унуч Алија добиле дете – вели легендата. Оттогаш многу жени кои го имаат истиот проблем, не можат да забременат, доаѓаат на оваа мистична плажа.