ИНДИЈА ВО ИСТОРИСКА ВСЕЛЕНСКА МИСИЈА Индиското летало слетува на јужниот пол на Месечината
Доколку биде успешна, оваа мисија ќе го означи првото контролирано слетување на индиско вселенско летало на површината на Месечината и ќе ја направи Индија четвртата земја што некогаш постигнала таков подвиг. Во моментов, Соединетите Американски Држави, Кина и поранешниот Советски Сојуз се единствените нации кои извршиле контролирано слетување на вселенски летала на Месечината.
Индиското вселенско летало Чандрајан-3 лета кон површината на Месечината пред неговиот историски обид за слетување, правејќи неверојатни слики на патот. Вселенското летало треба да го започне спуштањето кон површината на Месечината денеска околу 14 часот и 15 минути по средноевропско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши меко слетување на Јужниот пол на единствениот природен сателит на Земјата.
Доколку биде успешна, оваа мисија ќе го означи првото контролирано слетување на индиско вселенско летало на површината на Месечината и ќе ја направи Индија четвртата земја што некогаш постигнала таков подвиг. Во моментов, Соединетите Американски Држави, Кина и поранешниот Советски Сојуз се единствените нации кои извршиле контролирано слетување на вселенски летала на Месечината.
Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) вчера објави серија фотографии направени од камерите на вселенското летало.
…. and
The moon as captured by the
Lander Imager Camera 4
on August 20, 2023.#Chandrayaan_3 #Ch3 pic.twitter.com/yPejjLdOSS— ISRO (@isro) August 22, 2023
Еден поглед од птичја перспектива на Месечината е направен од 70 километри над површината на Месечината. Друга слика, направена на 20 август, нуди крупен кадар на правливиот сив терен на Месечината.
Chandrayaan-3 Mission:
The mission is on schedule.
Systems are undergoing regular checks.
Smooth sailing is continuing.The Mission Operations Complex (MOX) is buzzed with energy & excitement!
The live telecast of the landing operations at MOX/ISTRAC begins at 17:20 Hrs. IST… pic.twitter.com/Ucfg9HAvrY
— ISRO (@isro) August 22, 2023
Чандрајаан, што значи „месечево возило“ на санскрит, беше лансиран од вселенскиот центар Сатиш Даван во Шрихарикота во јужната индиска држава Андра Прадеш на 14 јули. Леталото полека се приближува до површината на Месечината. Оваа мисија го означува вториот обид на Индија за контролирано слетување на Месечината. Првиот обид, во 2019 година со Chandrayaan-2, заврши со пад на леталото на површината на Месечината поради софтверски проблеми и тешкотии при сопирање при спуштање.
Индиската јавност трескавично го очекува слетувањето, а медиумите го одбројуваат времето до слетувањето. Се одржуваа молитви во храмовите, џамиите и црквите во земјата и се чекаат проекции во живо од слетувањето на Чандрајан-3 на Месечинта.
Индискиот премиер Нарендра Моди ќе го набљудува слетувањето од Јужна Африка, каде што присуствува на тековниот самит на БРИКС, објавија медиумите. Нерамниот терен го отежнува слетувањето на Јужниот пол, а првото слетување би било историско. Водениот мраз во регионот може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за идните мисии.
Претходно неуспешна мисија за слетување на Месечината имаше руското лунарно летало Луна-25 кое на 20 август се урна на површината на Месечината и се загуби.
„Според прелиминарните пресметки, Луна-25 се префрли на непредвидена орбита и се судри со површината на Месечината“, објави Роскосмос.
Неуспехот на престижната мисија го нагласува падот на Русија како вселенска сила од Студената војна кога Москва го лансираше првиот сателит во вселената Спутник 1, а советскиот космонаут Јуриј Гагарин стана првиот човек во вселената. Русија нема лансирана лунарна мисија уште од Луна-24 во 1976 година.