РУСИТЕ НАПАДНАА ПРИСТАНИШТЕ НА ДУНАВ, КЛУЧНО ЗА ИЗВОЗОТ НА ЖИТО Соборени три украински дронови јужно од Москва

Преку украинските пристаништа на Дунав се извезуваше околу една четвртина од украинското жито, пред Русија да се повлече од договорот што дозволува безбедно поминување на бродови низ Црното Море.

568

Украинското воено воздухопловство изутринава соопшти дека руските сили лансирале голема група дронови кон украинското пристаниште Измаил, на Дунав, во близина на границата со Романија, што е клучно за извозот на жито.

На социјалните мрежи е објавено дека истрелите на системот за противвоздушна одбрана се слушнале во областа во близина на овој град и пристаништето Рени, исто така на Дунав.






Во јужниот дел на областа Одеса, издадено е предупредувањето за воздушна опасност.

Преку украинските пристаништа на Дунав се извезуваше околу една четвртина од украинското жито, пред Русија да се повлече од договорот што дозволува безбедно поминување на бродови низ Црното Море. Оттогаш, пристаништата на Дунав станаа главна излезна точка, а житото се испраќа со шлепери до романското црноморско пристаниште Констанца, од каде што го продолжува своето патување.

Од друга страна, руската противвоздушна одбрана рано утринава соопшти дека пресретнала три украински беспилотни летала над регионот Калуга, југозападно од Москва.

„Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала. Немаше жртви или материјална штета“, објави Министерството за одбрана на каналот Телеграм.

Си-ен-ен јавува дека во последните неколку месеци има се повеќе украински напади врз руска територија, а Киев предупредува дека ќе ги има уште повеќе.

Поврзани содржини