НОВ ТРЕНД КАЈ МЛАДИТЕ ВО КИНА, НО И ШИРУМ СВЕТОТ Родителите им плаќаат да бидат деца со полно работно време
На младите веќе не им се исплаќа да вршат послабо платени физички работи во производството, ниту пак да живеат сами поради трошоците за живот кои ги надминуваат заработувачките. И во Кина и во другите делови на светот.
Исцрпена од притисокот да успее како фотографка, Лицки Ли (21) решила да прифати подобра понуда – да ја напушти работата и да ги помине деновите купувајќи намирници за своето семејство и грижејќи се за својата дементна баба.
Ли е една од сè поголемиот број деца во Кина чии семејства им плаќаат за да останат дома. Нејзините родители ѝ даваат плата од околу 835 американски долари месечно. Тоа е солидна плата за средната класа во помалку урбаните делови на Кина.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.