ПОЧИНА ПИЛОТОТ НА УРНАТИОТ РУСКИ АВИОН Се катапултираше, но не преживеа

На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како падобранот се спушта над морето во близина на плажата.

8,781

Загина пилотот на рускиот воен авион Су-25 што денеска се урна во Азовското Море, објави началникот на округот Јејск, Роман Бублик на Телеграм, пренесуваат руските медиуми. Во пораката тој изрази сочувство до роднините на пилотот.

На социјалните мрежи се објавени непроверени видеа на кои се гледа како падобранот се спушта над морето во близина на плажата .






Претходно руските власти соопштија дека тој успешно се катапултирал од авионот.

Претходно прес-службата на Јужниот воен округ извести дека борбениот авион Су-25, кој вршел тренинг лет над Краснодарската територија, се урна над Азовското Море.

РУСКИ АВИОН СЕ УРНА ВО АЗОВСКОТО МОРЕ На леталото „влакно не му фали“

 

Поврзани содржини