ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ БИТОЛА Струмица „плива“ во вода

1,147

Центарот за управување со кризи информира дека денеска попладне Струмица беше зафатена со многу силни, поројни врнежи од дожд.

Според ЦУК, поплавени се улиците : Браќа Минкови, Ѓорги Василев, Иљо Шопов и Младинска. Поплавени се куќи, подруми и дворови, а на граѓаните што одат по улиците водата им е речиси до колена.






Екипите на Комуналец Струмица и ТППЕ Струмица се на терен со сите расположливи сили, и ќе постапуваат по пријавите од граќаните, се наведува во информацијата.

Во Битола попладнево силен дожд поплави делови од градот, предизвика прекин на сообраќајот на повеќе сообраќајници, а има и поплавени визби и домови.

Поради невремето, градоначалникот Тони Коњановски свика вонредна седница на Општинскиот кризен штаб која е во тек.

Од локалната самоуправа најавија акција на јавните комунални претпријатија, справување со состојбата по обилниот дожд кој престана да паѓа, но најверојатно предизвика штети кои ќе бидат регистрирани.

 

Поврзани содржини