МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ 4 ПО СООБРАЌАЈКА Наводно, било прегазено дете
Засега нема официјални информации од МВР за тоа како дошло до несреќата, а потоа и до тепачката во оваа скопска населба.
Тепачка во која учествувале повеќе луѓе избила вечерва во скопската населба Карпош 4, кај трговскиот центар „Антико“, на која и претходела сообраќајна несреќа, во која има повредени, јавија неколку медиуми повикувајќи се на информации на граѓани.
На местото на настанот пристигнале повеќе полициски возила со вклучени сирени, а интервенирале екипи на Итната медицинска помош.
Засега нема официјални информации од МВР за тоа како дошло до несреќата, а потоа и до тепачката во оваа скопска населба.