СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА НА РОЛЕРКОСТЕР ВО ШВЕДСКА Едно лице загина и три се тешко повредени откако тобоганот излезе од шината

„Ролеркостер Џетлајн“ достигнува брзина до 90 километри на час и височина од 30 метри. Со него годишно се возеле милион посетители.

386

Едно лице денеска загина во несреќа во забавен парк во Шведска, а неколкумина се повредени.

Шведските медиуми јавуваат дека во забавниот парк „Грона Лунд“, во Стокхолм, несреќата се случила на ролеркостерот, откако тобоганот излетал од шините и паднал на земјата од неколку метри височина.






Џени Лагерштет, новинарка која го посети паркот со своето семејство, изјави за СВТ дека била во близина и дека слушнала метален шум и забележала дека структурата на патеката се тресе во моментот на несреќата.

– Мојот сопруг виде како ролеркостер со луѓе во него паѓа на земјаta. Моите деца беа исплашени – изјавила таа.

Забавниот парк веднаш бил испразнет.

„Ролеркостер Џетлајн“ достигнува брзина до 90 километри на час и височина од 30 метри. Со него годишно се возеле милион посетители.

Поврзани содржини