СЕ СЕЌАВАТЕ НА ФАТАЛНАТА БЛОНДИНКА МИКИ? Обвинението открива нови детали за мега-грабежот, но една работа останува мистерија

Босанката на 14 октомври минатата година украла милион евра готовина од фирмата во која работела, а потоа исчезнала без трага. Според некои информации, таа го планирала грабежот во стан кој се наоѓа на само 200 метри од полициската станица.

677

Германското обвинителство поднесе обвинение против Мирнеса С., која е осомничена дека украла повеќе од еден милион евра од германска компанија за трансфер на пари. Германските медиуми открија дека во обвинението пишува на блондинката за време на грабежот имала соучесници кои ѝ помогнале да го организира нејзиното бегство по кражбата, што е информација која јавноста до сега ја немала.

Истовремено, покренато е обвинение против неименуван соучесник кој наскоро заедно со неа ќе се појави на суд, пренесува Билд.






Обвинителството сега смета дека маж (29) ја чекал Мирнеса во возилото со кое избегале по грабежот. Тој сѐ уште не е фатен. Сепак, пронајдено е уште едно лице за кое се верува дека го организирало грабежот вреден повеќе од милион евра.

Обвинителот Ањело Амбрзио изјави дека осомничениот бил уапсен во март на територијата на Германија и дека, како и Мирнеса С., се наоѓа во истражен затвор.

Тој е обвинет дека „го организирал бегството на своите соучесници“.

Датумот на рочиштето во регионалниот суд во Штутгарт сѐ уште не е одреден. Инспекторите сѐ уште трагаат по украдените пари.

– Сè уште не е утврдено каде се парите – изјави обвинителот Амбрзио.

Да потсетиме Мирнеса, која е позната и по прекарот Мики, решила да и се предаде на полицијата кога сфатила дека кругот околу неа се стега. Таа преку својот адвокат ги известила Германците дека сака да се предаде, па веднаш по слетувањето на аеродромот во Штутгарт била уапсена.

Таа на 14 октомври минатата година украла милион евра готовина од фирмата во која работела, а потоа исчезнала без трага. Според некои информации, таа го планирала грабежот во стан кој се наоѓа на само 200 метри од полициската станица.

Мирнеса или Мики е родум од Бусовача, каде што живеела извесно време. Оваа атрактивна блондинка живеела луксузно. На фотографиите кои ги има објавено на Инстаграм може да се видат скапи чанти, накит, часовници Ролекс, а наводно има и профил на платформата „Only Fans“.

ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА БАРА ЖЕНА ОД ЕКС-ЈУ Украла над милион евра! Награда од 37.500 евра за оној што ќе ја лоцира

ОД МИРНЕСА НИ ТРАГА, НИ ГЛАС Се верува дека грабежот го планирала со месеци! Ја открија фотографиите со скапи чанти, ролекси, пијалаци

УАПСЕНА БОСАНКАТА МИКИ, НАЈБАРАНАТА ЖЕНА ВО ГЕРМАНИЈА Фаталната блондинка што украде 1 милион евра

ОД ЛУКСУЗ ВО ЌЕЛИЈА ОД 10 КВАДРАТИ Келнерката Мики сега мора да се навикне на друг живот, ја очекува казна до 10 години

Поврзани содржини