(ВИДЕО) ШАКИРА ОБЈАВИ НОВА ПЕСНА Во спотот нејзините синови Милан и Саша пеат и свират на пијано
Песната е посветена токму на Саша и Милан со серија клипови кои вклучуваат стари фотографии од нивното детство.
Шакира објави нова песна наречена „Acróstico“, а ѕвезди на видеоспотот се нејзините синови Саша (8) и Милан (10), кои пеат заедно со својата мајка и свират клавир. Шакира ги доби Саша и Милан во текот на 12-годишната врска со поранешниот фудбалер Жерар Пике.
Баладата се вика „Acróstico“, што значи „акростих“, а пејачката откри дека почетните букви од текстот ги испишуваат имињата на нејзините синови Милан и Саша.
Песната е посветена токму на Саша и Милан со серија клипови кои вклучуваат стари фотографии од нивното детство, а момчињата одлучиле да свират и да пеат заедно со нивната мајка. На видеото се гледаат и неотворени кутии кои го симболизираат нејзиниот нов почеток и преселбата во Мајами.
„Милан оваа година напиша песни кои ме доведоа до раб на емоции, а Саша со часови свиреше клавир. И двајцата беа покрај мене во студиото и откако ја слушнаа оваа песна посветена на нив, ме замолија да бидат дел од неа. Милан и Саша, толку е убаво што ве гледам како ги ширите крилјата и започнувате да ги остварувате своите соништа. Ништо не ме исполнува повеќе од тоа дека сум ваша мајка“, открила Шакира на Инстаграм.
View this post on Instagram
За потсетување, Шакира привлече големо медиумско внимание со хитот „BZRP Music Sessions #53“ во кој проговори за неверството на поранешниот партнер Жерар Пике. Таа ја прозва неговата нова девојка Клара Чиа Марти и без задршка зборуваше за пропаднатата врска и своите чувства.
ФОТО: Јутјуб