(ВИДЕО+ФОТО) ЛОРИН ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА 2023 Ова е седма победа за Шведска на Евросонг
Песната „Tattoo“ на Лорин од Шведска победи на 67. издание на Евровизија што се одржа синоќа во Ливерпул, Британија.
Лорин освои вкупно 583 поени, од кои 340 од жирито.
Второто место со вкупно 526 поени го освои Финска, а третото место Израел со 362 поени.
Мошне напнато беше до самиот крај. Финска водеше, но таа земја последна ги даде гласовите и тие отидоа за Шведска. Ова е моментот на прогласувањето на победникот:
Според гласовите на жирито, Шведска освои 340 поени од жирито, на вторo место беше Израел со 177 поени, а на трето Италија со 176 поени.
Вака гласаше жирито:
Лорин на пошироката јавност ѝ е позната по песната „Euphorie“ со која победи на Евровизија 2012 година во Баку. Освен „Euphorie“, Лорин има и бројни други хитови како „Walk with Me“, „Neon lights“, „Sober“, „In My Head“ и „I’m in It with You“.
Погледнете го настапот на победничката песна на Лорин:
И Чат ГПТ предвиде дека Шведска ќе победи вечерва на Евросонг, по рекорден, седми пат. Победата би значела дека Шведска покрај Ирска, со седум победи ќе стане најуспешната земја во историјата на овој натпревар.
Чат ГПТ детално опиша како ќе изгледа вечерашното финале, според Betting sites, кои поставиле прашање кој ќе биде вечерашниот победник.
„Евровизија 2023 се одржа на 13 мај. Беше тоа динамична вечер исполнета со сензационални настапи и жестока конкуренција. По возбудливиот натпревар, земја победник беше Шведска со нејзината фантастична песна. Шведската натпреварувачка ги освои срцата на судиите и на публиката со својот посебен глас, хипнотизирачка изведба и комбинација на модерни и традиционални музички елементи. Добија воодушевувачки 398 бодови и со тоа осигурија заслужена победа“, напиша Чат ГПТ.
ЧАТ ГПТ ПРЕДВИДУВА КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ЕВРОСОНГ Таа е еднa од фаворитите