(ФОТО) БОГОРОДИЦА НАЦРТАНА НА ПАНЦИР ЗА ПАПАТА Зеленски останал 40 минути во Ватикан

424

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со папата Франциск во Ватикан.

Папата на крајот на април рече дека Светата столица е вклучена во мировната мисија за ставање крај на војната со Русија.






– Тоа е голема чест – му рече Зеленски на поглаварот на Римокатоличката црква, ставајќи ја раката на срцето и наведнувајќи ја главата додека го поздравуваше 86-годишниот папа, кој стоеше со бастун.

Зеленски, кој е во посета на Рим за прв пат од почетокот на војната, разговарал со папата 40 минути и му подарил панцир што го користел украински војник, и на кој подоцна бил насликан ликот на Богородица.

Папата често упатува молби за мир во име на, како што вели, украинскиот „маченик“ и се моли за жртвите секоја недела за време на мисата.

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
Поврзани содржини