НАМЕСТО ПО НИВИ, ШЕТА ПО ЗЛАТАРНИЦИ Николовски ги најде изгубените банкарски картички?

2,974

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави фотографија од министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

„Накитот во кеш или преку картичка го купува министерот Љупчо Николовски Путеро?! Додека земјоделците едвај врзуваат крај со крај и се мачат да преживуваат и си ги бараат субвенциите , министерчето во шопинг на златен накит. Образ ѓон“, пишува Трипуновски.






Министерот вчера не знаеше да одговори на новинарско прашање, дали добил плата зголемена за 78 отсто, затоа што, како што рече, банкарските картички му биле изгубени.

Поврзани содржини