(ФОТО) СРЦЕ ОСАМНА ВРЗ ЛИКОТ НА РАТКО МЛАДИЌ ПО МАСАКРОТ ВО ВРАЧАР Муралот се наоѓа на 200 метри од училиштето

Минатата година активисти неколку пати пробуваа да го варосуваат муралот, но тој наново беше чистен. Беа организирани и протести.

1,035

Група граѓани во Србија утринава се собраа околу муралот на озлoгласениот генерал Ратко Младиќ на Врачар на улицата Његошева со намера да го исчистат тој дел од Белград, бидејќи сметаат дека на овој мурал таму не му е местото. Тие нацртаа срце врз лицето на Младиќ. На видеото може да се види како пратеникот Ѓорѓе Микетиќ го варосува цртежот со четка, пишува Нова.

 






„Денеска почна чистењето на Србија од криминалци и говор на омраза“, порачаа граѓаните.

Муралот на Ратко Младиќ се наоѓа на 200 метри од училиштето Владимир Рибникар каде се случи масакрот во кој Коста К. уби осуммина соученици, чувар, а рани шест деца и наставничка по историја.

Минатата година активисти неколку пати пробуваа да го варосуваат муралот, но тој наново беше чистен. Беа организирани и протести.

Се чини дека двата масакри кои ја завија Србија во црно предизвикуваат револт кај граѓаните.

Се шпекулира дека опозицијата размислува да организира протести.

„Сите на протест!“, напиша Чедомир Стојковиќ, кој веќе е познат по учеството во првите борбени редови, рамо до рамо со оние кои и денеска се организираат.

Поврзани содржини