БЕЗ РЕЦЕПТ И НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ Заборавете на Оземпик, ова ви е потребно за ситост и слабеење

Универзално популарниот лек за дијабетес – Оземпик, што многумина го користат за слабеење, делува така што го стимулира чувството на ситост, односно го намалува апетитот. Но, некои групи на намирници го имаат истиот ефект

119

Дебелината е состојба на прекумерна акумулација на масно ткиво во телото. Според хрватското здружение за дебелина, нормалната пропорција на масното ткиво кај жените е 20 до 25 отсто, а кај мажите 15 до 20 отсто од вкупната телесна маса. Добро управувана диета за слабеење се смета за диета во која се губи до половина килограм неделно.

Многу намирници се корисни за слабеење поради високата содржина на вода и ниската калорична вредност и треба почесто да се консумираат. Тоа се модар патлиџан, карфиол, боранија, брокула, вргањ и други свежи печурки, цикорија, краставица, зелена салата, грашок, анасон, зелка, морков, праз, пиперка, ротквица, цвекло, рабарбара, прокељ, целер, аспарагус, спанаќ, домати, тиквички, супа од зеленчук… Храната можете да ја зачините со кој било зачин, свеж или сушен, а калориите во зачините не треба да се земаат во предвид.






За слабеење е погодна и храна со малку масти и многу протеини: посно месо и млечни производи.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини