БЕЛГРАД ВО СНЕГ Бела покривка утринава ги изненади Србите (ФОТО)

254

Бела покривка од снег утринава ги изненади луѓето во Белград и во повеќе градови во централна и западна Србија. Метеоролозите во земјата очекуваат наносот да стигне до 20 сантиметри во градот, а врнежите да прекинат во текот на утрешниот ден, пишува Данас.

Покривката може да достигне до 30 сантиметри на Авала, Космај и на периферијата.

 






 

 

Снегот создава тешкотии во сообраќајот. Околу 05:30 часот автобусот „Јањушевиќ транспорт“ кој превезувал работници од Крагуевац кон Рач излетал од патот. Според првичните информации петнаесет патници се полесно повредени.

Сообраќајот на автопатот Белград-Ниш-Димитровград е успорен.

На граничните премини се прават колони, а  камионите неколку часа чекаат да излезат од државата.

Поврзани содржини