ЗЕМЈОТРЕСИ ВО АВГАНИСТАН И ВО ЧИЛЕ Планетата не мирува после катаклизмата во Турција и во Сирија

154

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска (вторник, 21 март) го погоди Авганистан.

Земјотресот се случи во регионот Хиндукуш.






Според очевидци, во Кабул и низ северниот дел на Пакистан се почувствувало силно тресење на земјата, пренесува Ројтерс.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала се случи и во Чиле.

Земјотресот бил на 27 километри источно од Сан Антонио, на длабочина од 62 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Поврзани содржини