ВЛЕГОВ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА И СЕДНАВ НА ЕДНА КЛУПА Се огласи Вучиќ по веста за налогот за апсење на Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја слушна веста за време на обиколката на областа Срем.

865

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека мораl да седне и трезвено да размисли откако ја добил веста дека Меѓународниот кривичен суд распишал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Вучиќ ја слушна веста за време на обиколката на областа Срем.






– Таа вест ми ја дадоа за време на патувањето. После тоа се најдов во градинка и реков: Да седнам на клупа и да размислам пред да кажам било што. Не сум од оние луѓе кои мислат на сѐ во секунда. Треба да размислам што ќе правиме и како ќе го направиме – изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека ситуацијата во светот се усложнува.

– Светот си оди, само да не го следиме. Само мислев дека има добри вести. Само да избегнеме сѐ да не ни отиде – рече Вучиќ.

Меѓународниот кривичен суд, да потсетиме, издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.

Судот во Хаг го обвинува Путин за воени злосторства извршени во Украина.

Поврзани содржини