РЕАЛ МАДРИД ГО ДОТОЛЧИ ЛИВЕРПУЛ Македонскиот дијамант Елмас ќе игра во четвртфиналето во Лигата на шампионите
Иако уште од првите натпревари имаа солидна предност, Наполи и Реал вечерва не дозволија изненадување и запишаа нови победи.
Наполи и Реал Мадрид го потвридија своето место во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва запишаа рутински победи против Ајнтрахт, односно против Ливерпул.
Иако уште од првите натпревари имаа солидна предност, Наполи и Реал вечерва не дозволија изненадување и запишаа нови победи.
Неверојатниот Виктор Осимен вечерва постигна два гола, а Зелински ги постави конечните 3:0 во корист на Наполи.
Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, кој ги носи боите на Наполи, влезе во игра во 74-та минута како замена на Кварацхелија.
На другиот натпревар, пак, иако на Англичаните им беше јасно дека мисијата е скоро невозможна со оглед на резултатот од првиот натпревар (2:5) во корист на Реал Мадрид, единствениот погодок го постигна ветеранот Карим Бензема.