НА МУХАМЕД ЗЕЌИРИ МУ СЕ ВЛОШИЛА ПСИХИЧКАТА СОСТОЈБА Судењата му се одложуваат за три до четири недели

„До судот е доставено новото вештачење на вештакот – психијатар, според кое поради дестабилизирање на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува судењата да се одложат за следните три до четири недели“, соопштени Кривичниот суд.

861

Во следните три до четири недели нема да се одржи судска седница за предметот во кој главен обвинет е Мухамед Зеќири. Кривичниот суд преку соопштение нагласи дека рочиштата ќе се одложат поради, како што велат, дестабилизација на психичката состојба на обвинетиот Мухамед Зеќири.

„До судот е доставено новото вештачење на вештакот – психијатар, според кое поради дестабилизирање на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува судењата да се одложат за следните три до четири недели“, соопштени Кривичниот суд.






Судењето за овој случај започна во ноември 2022 година, но оттогаш рочиштата беа неколкупати откажувани и одложувани, главно поради психичката состојба на Зеќири. Инаку, тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за повеќе од еден милион евра.

Поврзани содржини