ВУЧИЌ И КУРТИ ЌЕ СЕ ДОГОВАРААТ ВО МАКЕДОНИЈА „Тој не беше спремен да прифати…“

Следната средба меѓу Вучиќ, Курти и Борел е закажана за 18 март во Македонија. Вучиќ рече дека смета дека Курти не е подготвен да го прифати француско-германскиот предлог, а дека „ќе видиме дали ќе биде подготвен во иднина“.

1,789

„Како по обичај, тешка средба. Верувам дека ќе има уште многу средби во наредниот период. На 18-ти март треба да се видиме во Северна Македонија, кога господинот Борел ќе го посети регионот. Дотогаш со Лајчак треба да разговараме за работи за спроведување“.

Вака за Танјуг изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по вечерашната средба со Албин Курти, Жозеп Борел и со Мирослав Лајчак во Брисел. Тој рече дека смета дека Курти сега не е подготвен да го прифати француско-германскиот предлог, јавува Б92.






– Ќе видиме дали ќе биде подготвен во иднина. Се надевам дека е можно да се дојде до некакви компромиси, но се плашам дека ќе останеме заглавени во нешто што одамна требаше да се исполни – посочува српскиот претседател.

Тој нагласи дека документот на ЕУ ќе ја нагласи неопходноста од почитување на претходните договори. Вучиќ изјави и дека за разлика од медиумските приказни, немало ништо посебно во разговорите.

Според него, Курти дошол со идеја да потпише нешто, но за тоа не се ни разговарало.

– Чекам да го видам планот за имплементација кој се однесува на претходно остварени обврски. Што се однесува до патоказот мора да се работи. Тоа е имплементација. И на почетокот на тој патоказ мора да има ЗСО, нешто што некој нејќе да го исполни – рече тој.

Тој уште еднаш нагласи дека ЗСО е на прво место, што и да е во прашање.

Вучиќ рече дека внимателно го слушал Курти.

– Не заборавајте дека Европскиот совет е на 23-ти или 24-ти и тие сакаат дотогаш да имаат извештај дали нешто е постигнато, па потоа соодветно ќе ги третираат нашите европски интеграции – рече тој.

Српскиот претседал истакна дека за овој пат не постои патоказ и дека мора да се работи на тоа.

– Штом почнеме да работиме, застануваме. И цело време се зборува за реализација, полека луѓе. Некој мислеше дека за еден ден нешто ќе се потпише. Сериозен и долг процес е. Затоа ќе откажам дел од патувањата во странство, за да се подготвиме за разговорот со Лајчак, за да не бидеме осудувани на 23-ти или на 24-ти – рече тој.

Одговарајќи на новинарски прашања дали е подготвен да го признае Косово, Вучиќ јасно кажа дека Србија е дел од ОН, но дека Приштина не е.

– Отсекогаш сме ги почитувале Повелбата на ОН и нашиот Устав. Ви благодарам многу.

Според Вучиќ, Курти на средбата истакнал дека е подготвен да зборува за правата на малцинствата, но не специфично на Србите.

– Внимателно го слушав, но не го разбрав баш најдобро. Благодарам, да живее Србија – заклучил Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, а на средбата присуствуваат и европскиот комесар за надворешна политика, Јозеп Борељ, а на средбата е и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Претходно Борељ и Лајчак се сретнаа со приштинската делегација предводена од премиерот на привремените институции.

Исто така, да потсетиме, денеска околу 15 часот се одржа средбата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Поврзани содржини