ШТО АКО ЦРНИТЕ ДУПКИ СЕ ИЗВОРИТЕ НА ТЕМНАТА МАТЕРИЈА? Тогаш космосот не е она за што го мислиме!
Најинтересното? Црната материја, односно нејзиното дејство, е како некој антипод на гравитацијата која спротивно на неа, ги привлекува сите нешта, токму внатре во црните дупки. Тоа ги прави црните дупки идеални места за да се провери како овие две сили си парираат една на друга.
Црните дупки ширум нашиот универзум се во просек седум до 20 пати поголеми од она што биле пред девет милијарди години, а астрофизичарите можеби конечно знаат зошто е тоа така. Решението што тие го смислиле за оваа загатка поврзува две работи кои долго време имаа слични имиња – црните дупки и темната материја, јавува ИФЛ Наука.
– Ова е навистина изненадувачки резултат – рече д-р Дејв Клементс од Империјалниот колеџ во Лондон.
– Почнавме да гледаме како црните дупки растат со текот на времето и можеби го најдовме одговорот на еден од најголемите проблеми во космологијата.
Зарем не е логично црните дупки да се изворот на темна материја во универзумот? Па, ако тоа е така тогаш нивното нагло растење во минатото станува логично. За темната материја знаеме многу малку, но сигурни сме дека таа, кога е забележана во галаксии придонесува тие да се шират, сè побрзо и побрзо…Всушност и самиот наш универзум се шири и забрзува ширејќи се, а никој не знаеше точно, односно не ни се сложуваше една космолошка константа…
Научниците за да ја објаснат оваа црна материја која всушност ја има речиси девет пати повеќе од обичната материја во вселената ѝ даваа други потекла – можеби има „црна честичка“ или можеби се дел потчестичка од некоја друга, веќе позната честичка.
Најинтересното? Црната материја, односно нејзиното дејство, е како некој антипод на гравитацијата која спротивно на неа, ги привлекува сите нешта, токму внатре во црните дупки. Тоа ги прави црните дупки идеални места за да се провери како овие две сили си парираат една на друга.
Секако, ширењето на црните дупки во човечко време е многу мало за да ова убаво се измери, но ако се споредат податоците од пред девет милијарди години, како што направиле научниците се гледа дека црните дупки пораснале сами од себе – дека ова растење не можело да биде резултат на спојување на помали црни дупки во поголеми, чиј степен на спојување го знаеме. Исто така, црните дупки пораснале многу побрзо отколку што знаеме дека испаруваат според равенките кои ни ги остави Стивен Хокинг.
– Ние навистина кажуваме две работи одеднаш: дека постојат докази дека типичните решенија на црните дупки не функционираат на многу долги периоди, и дека го имаме првиот предложен астрофизички извор за темна енергија – д-р Данкан Фара од Универзитетот на Хаваи.
– Меѓутоа, ова не значи дека други научници не предложиле извори за темна енергија, туку дека ова е првиот труд за набљудување каде што не додаваме ништо ново во универзумот како извор за темна енергија (во смисла на нова честичка). Црните дупки од теоријата на Ајнштајн за гравитацијата, се всушност, темната материја.
Научцните во трудот признаваат дека за нивното тврдење да биде испитано ќе треба да се направат многу повеќе и многу различни експерименти.
Но, ако биде докажано дека е точно, ова ќе смени многу од сегашните космолошки теории. Ние веќе знаеме дека црните дупки се архитекти кои создаваат и уништуваат сè во универзумот, но отворајќи го полето на црната материја се отвора едно егзотично место во астрофизиката каде се можни егзотичната материја, негативната маса и слични алтернативни теории.