СИТЕ БЕГААТ ОД БРОДОТ ШТО ТОНЕ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на крај ќе остане само „Пазар 3“ коалицијата

Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само „Пазар 3“ коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.

1,081

Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз, ова вечерва преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата. Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само “Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.






– Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори. Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени – велат од партијата.

Поврзани содржини