ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ Лани потрошиле 360.000 евра за патни трошоци
Сумите кои минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари.
Вкупно 360.000 евра народни пари за патни трошоци потрошиле 73 пратеници за период од 11 месеци. Од пресметката е одземен месец август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи.
Според податоците кои ги објави телевизија Сител, народните избраници од најголемата владејачка партија, СДСМ, пријавиле најмногу патни трошоци. 23 пратеници добиле 133.000 евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е втора на оваа листа. 23 пратеници од оваа партија побарале 132 илјада евра за патни трошоци.
Сумите кои минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари.
Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди. На овие пратеници на сметките им легнале од 706 до 770 илјади денари.