ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: ДЕНДИ-ВОКЕРОВА МАЛФОРМАЦИЈА Вродена маана која настанува во текот на ембрионалниот развој на малиот мозок и четвртата мозочна комора

Клиничката слика на ДВМ може да биде драматична или да се развие незабележано. Симптомите, кои често се јавуваат во раното детство, вклучуваат забавен моторен развој и прогресивно зголемување на главата.

51

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…

Денди-Вокерова малформација/Dandy-Walker malformation






МКБ 10 Q 03.1

преваленца: 1/25.000 – 35.000 живородени

Денди-Вокеровата малформација (ДВМ) е ретка вродена малформација на мозокот која настанува во текот на ембрионалниот развој на малиот мозок и четвртата мозочна комора. ДВМ е причина за околу 4,3 % од случаите на вроден хидроцефалус и 2,5 % од сите случаи на хидроцефалус. Најмалку 21 % од оние со ДВМ имаат брат или сестра со малформација, а најмалку 16 % имаат родител со оваа малформација.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини